Протоколарна средба на НГШ на АРМ со одбранбено аташе на САД

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна проштална средба со одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер. Генералот Величковски искажа благодарност на полковникот Батлер за досегашната успешна соработка, при што беше нагласено значењето на стратешкото партнерство во повеќе меѓуармиски полиња помеѓу АРМ и Вооружените сили (ВС) на САД во…

Средба на НГШ на АРМ со новоназначеното одбранбено аташе на Република Словачка

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денес оствари средба со потполковник Ладислав Регенда, одбранбено аташе на Република Словачка за Република Македонија. На средбата, генералот Величковски ја истакна досегашната успешна соработка со Вооружените сили на Република Словачка, со уверување дека истата ќе продолжи преку имплементација на досегашните форми и видовите на соработка со разгледување…

Посета на обуката во базирање и исхрана во природа

Денес 19.06.2017 година на падините на планината Ниџе во посета на обуката во базирање и исхрана во природа беше Асоцијацијата на одбранбени аташеи во Република Македонија. Пред присутните аташеи припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на Полкот за специјални операции го презентираа начинот на изработка на импровизирани печки и огништа, прва помош при труење со…

Посета на Врховниот командант на вооружените сили на изведување на показна вежба на командно место на СПБГ

Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од своето постоење, и како дел од подготовките за претстојното реоценување на средната баталјонска борбена група (СПБГ), денес реализира показна вежба на командно место на СПБГ во организација на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на…

Заедничка обука и вежба на припадниците на артилерискиот баталјон со припадниците на Територијалната Противпожарна Единица од Прилеп

Пред почетокот на летниот период, во рамките на долгогодишната соработка со Територијална Противпожарна единица (ТППЕ) од Прилеп, во кругот на касарна ,,Мирче Ацев’’ во Прилеп се реализираше заедничка показна вежба на која беа извежбани повеќе сценарија на тема ,,Противпожарно обезбедување, асистенција при собраќајни незгоди и елементарни непогоди“. На вежбата и претходеше дводневна обука на припадниците…

Остварeна средба на Началникот на ГШ на АРМ со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е Кристијан Тимоние и новоназначеното резидентно одбранбено аташе акредитиран во Република Македонија, полковник Жан Марк Лавале. На протоколарната средба, генералот Величковски и амбасадорот Тимоние разговараа за билатералната соработка помеѓу АРМ и француските вооружени сили со изнаоѓање на…

Учество на Македонските Ренџери на мултинационалната вежба „Combined Resolve VIII“

Во периодот од 25.05 до 16.06.2017 година во Хохенфелс, СР Германија триесет и два припадника на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции учествуваат на мултинационалната вежба „Combined Resolve VIII“. Вежбата е во организација на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа, на истата учествуваат припадници од армиите на Албанија, Финска, Унгарија, Литванија,…

Инспекција на специфицирана област во Здружената оперативна команда и првопотчинетите единици согласно одредбите на „Виенски документ 2011“

Инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“, на 13 и 14 јуни 2017 година, изврши обиколка на Здружената оперативна команда (ЗОК) и дел од потчинетите единици на ЗОК. Инспекцискиот тим составен од двајца претставници на Вооружените сили на Чешката Република и по еден претставник на Вооружените сили на Република Унгарија и…

Учество на Началникот на ГШ на АРМ на конференција за партнерски програми

Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски учествува на конференција за партнерски програми во организација на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (ЕУКОМ) која се одржува денес во Гармиш Партенкирхен, СР Германија. На конференцијата влијателни воени раководители од американската армија, националните гарди од 22 држави на САД и армиите…