Промоција на монографијата „Воени генерали од Македонија (1943-2017)“

Во пресрет на 18 Август Денот на АРМ, во годината кога Армијата го слави својот 25 роденден, во просториите на Домот на АРМ е промовирана монографијата, „Воени генерали од Македонија (1943-2017)“ во издание на здружението „Клуб на генерали на Република Македонија“. Издавањето на монографијата на која се потпишани авторите Мирослав Стојановски и Борис Стојаноски, генерали…

Средба на командантот на ЗОК со одбранбеното аташе на САД во Република Македонија

На ден 09.08.2017 година командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески оствари средба со полковник Тимоти Бјукен, новоназначен одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави акредитиран во Република Македонија. На средбата, на која присуствуваа и воздухопловното воено аташе мајор Ерик Рајс и шефот на канцеларијата за одбранбена соработка капетан Патрик Енрикез се разговараше за воена соработка…

Средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Турција во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со потполковник Бурхан Урек, новоназначеното резидентно одбранбено аташе (ОА) на Република Турција во Република Македонија. Генералот Величковски му посака успешна работа на потполковник Бурхан Урек, новоназначеното резидентно одбранбено аташе на Република Турција во Република Македонија, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност, истакнувајќи…

АРМ и МО им одадоа почит на загинатите припадници на АРМ кај Љуботенски Бачила

Делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, денес положи свежо цвеќе пред нивните споменици во селата Љубанци и Волково и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“ во Скопје. На 10 август 2001 година, воено товарно возило…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка

Во кругот на командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛп) во Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка. Должноста командант на брЛп од полковник Васко Тошевски ја прими полковник Цветко Јаневски кој на ова место доаѓа од должноста, заменик на командантот на брЛП. На свеченоста, покрај командантот…

Месечно реферирање на командантите и командите на потчинетите единици на командантот на ЗОК

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на командантот на ЗОК бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена…

Одбележана 16-годишнината од загинувањето на припадниците на АРМ кај Карпалак

Со полагање на венци свежо цвеќе пред спомен обележјата кај месноста Карпалак, комплексот „Карпалак“ и во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, делегации од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија им оддадоа почит на загинатите припадници на АРМ. Денес, 8-ми август, се навршуваат шеснаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата на Република…

Континуирана подршка во гасење на пожарите од страна на хелкоптерите на АРМ

Во периодот од 26.07.2017 година, сквадронот на транспортни хеликоптери од составот на воздухопловната бригада учествува со два хеликоптери во гаснењето на пожарите на територјата на Република Македонија. Воедно во гасењето на пожарте учествуваат два странски хелкоптер, еден од Република Бугарја и еден од Република Турција, со што командата на воздухопловната бригада командува и соработува со…

Средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Соединетите Американски Држави во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со полковник Тимоти Бјукен, новоназначен одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави акредитиран во Република Македонија. На средбата, на која присуствуваа и воздухопловното воено аташе мајор Ерик Рајс и шефот на канцеларијата за одбранбена соработка капетан Патрик Енрике се разговараше за воена соработка помеѓу АРМ и…