Припадниците на инженерискиот баталјон ја завршија изградбата на дрвениот мост во село Порој

Припадниците на инженерискиот баталјон од првата механизирана пешадиска бригада уште еднаш ги ставија на располагање своите вештини во помош на цивилните структури во реоните каде поплавите во изминатиот месец извршија оштетувања на инфраструктурни објекти, во случајот со целосна изградба на нов дрвен мост во село Порој, општина Тетово. Во соработка со локалната самоуправа и месното…

Посета на Министерот за одбрана на Република Бугарија на полкот за Специјални Операции

Денес 18.09.2017 година во посета на полкот за Специјални Операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Бугарија и припадници од специјалните сили на Армијата на Бугарија, предводена од Министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Делегацијата беше пречекана од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригаден генерал Орце Јордев заедно со потесниот дел…

Посета на Центарот за индивидуална обука од страна на инструктори од НГ на Вермонт, САД

Во период од 31.08-06.09.2017 година, во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини, реализирана е посета од страна на двајца инструктори од Националната гарда на Вермонт, САД. Цела на посетата е запознавање, размена на искуства и надградување на научените лекции за развој на обуката за подофицери. За време на реализација на заедничката…

Одбележување на Денот на 2.механизиран пешадиски баталјон

Во касарната „Јане Сандански“ Штип, со воена свеченост припадниците од 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), го одбележаа Денот на единицата „17 Септември“, денот кога е формирана 14-та Младинско македонска народноослободителна ударна бригада (ММНОУ) во 1944 година во селото Митрашинци во близината на Берово. На свеченоста присуствуваа командантот…

Посета на дел од единиците на АРМ од страна на претставници на Националната Гарда на Вермонт, САД

Во рамките на неколкудневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија од страна на високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, се остварија обиколки и посети на дел од единиците на АРМ. Посетите на воени бази, школски центри и различните форми на обука се едни од…

Вежба на Командно Место

На ден 12.09.2017 година во касарната „Илинден“ – Командата од полкот за Специјални Операции реализираше Вежба на Командно Место. Обуката се реализираше врз основ на годишниот и месечниот план за воено стручна обука на Командата на полкот за Специјални Операции. Припадниците на полкот низ процесот на донесување на воена одлука ги извежбуваа своите способности за…

Посета на командантот на Националната Гарда на Вермонт на Армијата на Република Македонија

Со приемот кај Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј ја отпочна официјалната посета на Република Македонија. За време на приемот генералите Величковски и Креј го истакнаа значењето на одличната воена…

Одбележување на Денот на бПВО

Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваше командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) бригаден генерал, Зоран Милески, командантот на воздухопловната бригада, началници на секции и команданти на потчинетите единици на вбр, поранешни…

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со одбранбениот аташе на Романија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со ново назначениот резидентен одбранбен аташе на Романија, акредитиран во Република Македонија, потполковник Валентин Стримбесчи. На средбата, генералот Величковски на потполковникот Стримбесчи му посака срдечно добредојде во Република Македонија и интензивирање на билатералната соработка меѓу армиите на двете земји во областа на одбраната која ќе…