Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со новиот одбранбен аташе на Република Бугарија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новоназначениот одбранбен аташе на Република Бугарија акредитиран во Република Македонија, потполковник Пламен Николов. Генералот Величковски, во оваа прилика упати честитки до потполковникот Николов за назначувањето на новата должност. Во рамки на денешната средба се разговараше за можностите за интензивирање на соработката помеѓу двете земји…

Годишно информирање на припадниците од првопотчинетите единици на ЗОК

Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески согласно годишниот план за работа, во текот на неделава изврши годишно информирање на припадниците од првопотчинетите единици на ЗОК, распоредени во гарнизоните Куманово, Петровец и Штип. Командантот во текот на информирањето, детално се осврна на состојбата во првопотчинетите единици во текот на 2017 година. Посебен…

Учество на Началникот на ГШ на АРМ на НАТО конференцијата на Началници на трансформација

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски изминатите два дена учествува на НАТО конференцијата на Началници на трансформација, која се одржува во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк – Вирџинија, Соединетите Американски Држави. Конференцијата која се одржува под мотото: „Подготви се за утрешнината, сподели ја иднината“ е отворена…

Во ГШ на АРМ доделени награди и признанија на припадници на АРМ

За успешната организација и реализација на 21-та Конференција на Началниците на генералштабовите на САД – Јадранската повелба, од страна на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски на персоналот кој беше ангажиран доделени се златна, сребрена и бронзена значка на АРМ, наградно отсуство и пофалници. По тој повод денес во ГШ на АРМ, заменикот…

Обраќање на НГШ на АРМ во Конгресот на САД

Претставници на Конгресот на САД имаа можност, за прв пат од страна на еден Началник на Генералштаб на Армијата на Република Македонија, да слушнат за напорите кои Република Македонија ги прави во полето на одбраната за полноправно членство во Евроатланските структури, безбедносните предизвици во регионот како и важноста на поддршката во ова поле која ја…

Се одржа јубилејното „10-то Армиско првенство во крос-кантри трчање“

Во организација на Генералштабот, традиционално и оваа година по 10-ти пат се одржа армиско првенство во крос-кантри трчање. Кросот се реализира на патеката на стрелиштетото „Стенковец“ во должина од 6 километри во машка и 3 километри во женска конкуренција. Полковникот Рахиќ пред почетокот на натпреварувањето на учесниците им посака успех и победа за најдобрите, потенцирајќи…

Делегацијата на АРМ предводена од НГШ на АРМ оствари посета на фондацијата „Херитиџ“

Делегацијата на АРМ предводена од НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден оствари посета на фондацијата „Херитиџ“. Притоа делегацијата придружувана од Одбранбеното аташе на САД за Р. Македонија, полковник Тимоти Бјукен, оствари средба со господинот Лук Кофи, директор на центарот во фондацијата…

Примопредавање на должноста помеѓу штабните старешини во Командата за обука советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ)

Со примопредавање на државното знаме на воената церемонија, која се одржа во Командата за обука советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ) во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се изврши и официјално смена помеѓу шестата и седмата ротација на штабните старешини распоредени во истата. Во рамките на свеченоста се обратија најстарите национални претставници на двете…

Посета на генералот Величковски на одделот за мировни операции на Организацијата на Обединети Нации

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски на почетокот на посетата на Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден оствари работна посета на одделот за мировни операции на Организацијата на Обединети Нации (ООН) и постојаната мисија Република Македонија во ООН. За време на престојот во Њујорк делегацијата на АРМ најпрвин имала средба со…