Донација од пакетчиња во пресрет на новогодишните празници

Воздухопловната бригада традиционално и оваа година во пресрет на новогодишните и божиќните празници организира акција за донирање на пакетчиња. Во соработка со фирми и организации соработници беа обезбедени пакетчиња кои во текот на изминатите неколку дена беа поделени на дечињата од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“, посебно…

Видео линк на Командантот на ЗОК со припадниците на АРМ на мисиите „Одлучна поддршка“, „Алтеа“ и „Унифил“

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Зоран Милески оствари директна видео врска со припадниците на АРМ кои се во мировни мисии надвор од границите на Република Македонија и тоа со: мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР. Авганистан, мисијата “Алтеа“ во Р.БиХ и мисијата “Унифил“ во Либан. Во…

Традиционална предновогодишна средба на военото раководство

Во касарната „Илинден“ Скопје, во пресрет на Новогодишните празници денес се одржа работна средба на која присуствуваа, претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов оствари средба со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, генералите во АРМ и раководните лица…

Традиционална пред новогодишна средба на НГШ на АРМ со пензионирани генерали на Армијата на Република Македонија

Во Генералштабот на АРМ, традиционално, на самиот завршеток на тековната година се реализира средба на началникот на генералштабот на АРМ, со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионирани генерали во Армијата на Република Македонија. На средбата, од страна на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ЗНГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај и директорот…

Главните подофицери во командите и единиците на Армијата на Република Македонија на годишен состанок во ГШ на АРМ

На денешниот годишен состанок во ГШ на АРМ пред началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски главните подофицери во командите и единиците на Армијата на Република Македонија, брифираа за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ. Генералот Величковски на средбата уште еднаш ја искажа континуираната поддршка за развој ова тело, притоа…

Годишно информирање за припадниците од гарнизоните Куманово, Кичево и Тетово

Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески согласно годишниот план за работа во деновите 25 и 26.12.2017 година изврши завршно годишно информирање на припадниците од првопотчинетите единици на ЗОК распоредени во гарнизоните Кичево, Тетово и на припадниците на ЗОК во Куманово. Командантот во текот на информирањето, детално се осврна на состојбата во…

Со традиционалната поделба на новогодишни пакетчиња во касарната „Страшо Пинџур“, симболично одбележана завршната активност во јубилејната 25-та година од формирањето на АРМ

Над 550 деца на припадници на Армијата на Република Македонија од воздухопловната бригада (вбр) и од останатите команди и единици на АРМ и МО, меѓу кои и децата на загинатите и починати припадници на вбр, но и на роднини и пријатели на вработените, денес имаа незаборавна можност да добијат новогодишни пакетчиња од армискиот „Летачки Дедо…

Од активностите на седмата ротација на штабните старешини во КОСА-ГГ

Контингентот на АРМ од седмата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во командата за обука, советување и асистенција-главен град (КОСА-ГГ)“ по приемот на должноста ги отпочна своите активности согласно доделените задачи. Како една од првите активности по минатонеделниот прием на должноста, претставници на македонскиот контингент беа во состав на делегација предводена од командантот на КОСА-ГГ, бригаден…

Воено-медицинскиот центар го одбележа 21-ви декември, Денот на единицата

Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) од составот на Бригадата за логистичка поддршка со воена свеченост која е во рамки на активностите за 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, го одбележа 21-ви декември, Денот на единицата. Командантот на брЛП, полковник Цветко Јаневски, честититајќи го денот на единицата, истакна дека да се има единица во составот…