Посета на Командата за обука и доктрини од страна на делегација од МО на Црна Гора

Денес во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е посета од страна на делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора, согласно планот за соработка со Министерството за одбрана на Црна Гора за 2017 година во врска со „Експертски разговори од областа на човечките ресурси, размена на искуства околу доброволно служење на воениот рок.…

Работилница за спецификација на вежбата „Македонски Блесок 14“

Со отворањето на Работилницата за спецификација на вежбата (EXSPEC), на 27.11.2017 година, на КО „Пепелиште“, започна процесот на планирање на уште еден циклус од вежбите „Македонски Блесок“. Групата за планирање на вежбата, под водство на директорот на МБ-14, потполковник Игор Манасовски, во текот на работилницата до 30.11.2017 година, преку функционална експертиза ќе ги дефинира целите…

Делегација од специјалните сили на Република Италија во посета на полкот за Специјални Операции

Денес 29.11.2017 година во посета на полкот за Специјални Операции беше делегација на специјалните сили на Република Италија. Делегацијата за време на посетата беше запознаена со структурата, мисијата, основната функција на единицата досегашните стекнати искуства како и капацитетите кои се користат за време на обуката. Од страна на гостите беше презентирана организацијата на специјалните сили…

Началникот на ГШ на АРМ во официјална посета на ВС и МО на Словачката Република

Делегацијата на Армијата на Република Македонија, предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, согласно планот на официјалната посета на Словачката Република, денес оствари официјални разговори во Генералштабот (ГШ) на вооружените сили (ВС) и министерството за одбрана. За време на престојот во Генералштабот генералот Величковски по пречекот со високи воени почести оствари средба…

Средба со старешините по повод упатување во мисијата „Одлучна поддршка“

По повод упатувањето во мисијата „Одлучна поддршка“ припадниците на АРМ, денес беа примени од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај. Министерката за одбрана им посака успешна, но пред се безбедна мисија која воедно претставува и можност за стекнување на дополнителни искуства во операциите на терен.…

Посета на главниот подофицер во АРМ на инженерискиот баталјон

Главниот подофицер во АРМ, главен наредник Свето Цветковски, денес, 28.11.2017 година, во касарната „Илинден“ во Скопје го посети инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада. По повод 25 години од формирањето на АРМ, како и постигнатите резултати на инжб со локалната самоуправа во село Порој, општина Тетово, главниот подофицер во АРМ на…

Ренџерски игри 2017

Во касарната „Илинден“ пред објектот на ренџерскиот баталјон со свечено прогласување на најдобрите поединци и екипи завршија четвртите по ред ренџерски игри. Спортскиот и натпреварувачкиот дух пропратен со фер плеј преовладуваа во изминатите четири дена додека се реализираа овие игри. Дисциплините во кои се натпреваруваа екипите-фрлање рачна бомба, гаѓање со пиштол и пушка, расклопување и…

Посета на вбр од страна на претставници од военото воздухопловство на ВС на Република Италија

Во период од 22 до 24 ноември, во посета на воздухопловната бригада (вбр) и центарот за обука на пилоти (ЦОП) во касарната НХ „Страшо Пинџур“ присуствуваа претставници од военото воздухопловство на Република Италија. Во составот на делегацијата од Република Италија се потполковник Џорџо Де Орландо воен контролор на летање и мајор Џовани Касталдо пилот на…

Акција за доброволно дарување крв во КОД

Денес, 17.11.2017 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв. Во оваа прилика, припадниците на КОД од касарната во Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа, новодојдените војници на…