Доброволно дарување на крв во касарната „Боро Менков“ во Куманово

Во пресрет на одбележувањето на 26-ти Февруари, денот на првиот механизиран пешадиски баталјон(1.мпбн), од составот на прва механизирана пешадиска бригада, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се реализира акција за доброволно дарување на крв. Со пораката „Крвта спасува живот, дарувајте мал дел од вашата крв, зошто утре можеби и нам ќе ни треба“, припадниците на…

Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти

Во период од 20-24 февруари во рамките на циклусот активности за претстојната мултинационална логистичка штабна вежба „Logex 17“ во Домот на АРМ во Скопје се одржува „Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти“. Како дел од планирачкиот процес за време на оваа работилница се креираат настани и инциденти кои…

Одбележување на Денот на Меѓународнитe Воени спортови во единиците на ЗОК

На ден 17.02.2017 година (петок) во гарнизоните: Куманово, Петровец, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп и Скопје припадниците на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и потчинетите команди и единици го одбележаа Денот на Меѓународниот Совет за Воени спортови (МСВС). По постројување на единиците и екипите, командантите на гарнизоните им посакаа постигнување на врвни резултати на натпреварувачите по што…

Реализација на „Советодавна мисија за инженериски единици“

Во периодот од 13.02-17.02.2017 година инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада го посети Шефот на катедрата за студии и доктрини од Инженериската Академија во Анжи – Република Франција, потполковник Мартин Лиутард. На брифингот одржан по тој повод тој се запозна со организациско формациската структура на единицата, учеството на вежби и задачите…

Одбележување на „18 февруари – Денот на Меѓународнитe Воени спортови“

Припадниците на АРМ традиционално по дванаесетти пат го одбележаа „18 февруари – Денот на Меѓународните Воени спортови“. Овој спортски настан денес истовремено се одржува во сите гарнизони на АРМ, каде припадниците на АРМ под мотото „Ден на трчањето и здравје за сите“ се натпреваруваат во следните дисциплини: крос за мажи и жени, мал фудбал, кошарка,…

Питомци од Воената академија на едносеместрално школување на Норвич Универзитетот во Вермонт – САД

Согласно планот за билатерална соработка меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Соединетите Американски Држави двајца питомци- припадници на Центарот за обука на питомци при Командата за обука и доктрини и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, започнаа едносеместрално школување на Норвич Универзитетот во Вермонт – САД. Како и изминатата така и оваа…

Практична настава: обука во зимски услови – скијање

Во период од 31.01-11.02.2017 година на скијачките терени на спортско рекреативниот центар „Колашин“ во Црна Гора, со питомците од втора година од Центарот за обука на питомци (ЦОП) се реализираше практична настава: обука во зимски услови – скијање. Оваа активност се реализираше согласно планот за билатерална соработка за 2017 година меѓу Министерствата за одбрана на…

Настап на воениот оркестар во Кавадарци

Како најава за отпочнување на активностите поврзани со одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, воениот оркестар на АРМ од составот на баталјонот за почести се претстави пред граѓаните на Кавадарци со вечерен музички концерт. Концертот кој се одржа во соработка со општинското основно музичко балетско училиште ООМБУ “Лазо Мицев-Рале“ се…