Активност од оценувањето на Ренџерска чета втор ден

Изведување на тактички задачи како: инфилтрација и ексфилтрација на непријателска територија со хеликоптер, препад на населено место и реакција на импровизирана експлозивна направа, беа инцидентните ситуации со кои се соочија припадниците на декларираната ренџерска чета во вториот ден од НАТО оценувањето НИВО-1 во склоп на вежбата „Македонски Блесок 12“. Успешноста и начинот на спроведување на…

Започнато оценување на Ренџерската чета

Припадниците на декларираната ренџерска чета во текот на вчерашниот ден на Армискиот полигон „Криволак“, почнаа со справувањето со подготвените инциденти од НАТО оценувачите. Според сценариото за оценување дел од единицата наиде на неексплодирана импровизирана експлозивна направа. Ренџерите реагираа веднаш користејќи ги макотрпно стекнатите вештини и во склад со НАТО стандардните оперативни процедури. Набргу по овој…

Средба на НГШ на АРМ со новиот одбранбен аташе на Република Грција

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новото одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, бригаден генерал Георгиос Калогианис. На средбата со новиот воен аташе на Република Грција присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Николаос Арабатзис. На средбата, генералот Величковски упати благодарност кон…

Фото вест: Активности од Македонски Блесок-12

Припадниците на декларираната ренџерска чета од Полкот за Специјални Операции на Армискиот полигон „Криволак“ се подготвуваат за НАТО оценувањето НИВО-1, кое ќе се изврши во текот на оваа недела во рамки на вежбата „Македонски Блесок-12“. Оценувањето ќе се врши од страна на овластени НАТО оценувачи според НАТО стандардите на оценување на борбената способност „CREVAL“. За…

32.Курс за обука на оценувачи според концептот за оперативни способности на НАТО

Денес, 3 октомври 2016 година започна 32. Курс за оценувачи според концептот за оперативни способности на НАТО. Курсот ќе се реализира во Кавадарци и Армискиот Полигон „Криволак“ во период од 03 до 07.10.2016 година. Цел на курсот е на учесниците од НАТО и ПзМ им се даде генерална слика за методологијата и стандардите за оценување…

Свечено отварање на „Македонски Блесок-12“

Денес, 2 октомври 2016 година, во Кампот за обука „Пепелиште“ се одржа свеченост за отварање на вежбата „Македонски Блесок-12“. Пред присутните се обрати Директорот на вежбата, потполковник Бесник Емини кој напомена дека професионализмот, исклучителната посветеност, врвната обученост се темелите на современиот македонски воин, оттука беспрекорното извршување на задачите низ напорните и сложени ситуации на кои…

Започна вежбата „Македонски Блесок-12“

Од денеска до 7 октомври 250 припадници на АРМ и претставници на армии од 21 држава членка на НАТО и Партнерство за Мир учествуваат на теренска вежба „Македонски Блесок-12“. Вежбата се спроведува во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“. За време на вежбата на терените на „Криволак“ и „Пепелиште“, ќе се…