Реализација на „Методички курс за обука на подофицери (MКOПОФ) 2-16“

Денес, на 30.09.2016 година, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше свечен завршеток на Методички курс за обука на подофицери (МКОПОФ) 2-16. Курсот успешно го завршија вкупно 22 слушатели-подофицери од скоро сите единици на АРМ. Преку процесот на обука на курсот, слушателите ги усовршија формите, облиците и…

Успешно завршување на курсот за „Обновување на знаењето на англискиот јазик“ во ЦСЈ

Денес, на 30.09.2016 година, по трет пат успешно заврши курсот за „Обновување на знаењето на англискиот јазик“ во ЦСЈ во касарната Илинден во Скопје. Овој курс прв пат се пилотираше во септември 2014 година и од тогаш редовно се одржува еднаш годишно. Во подготовката на овој курс учествуваа сите професори од Центарот за странски јазици…

Висока воена делегација од Вооружените сили на Арапска Република Египет во посета на АРМ

На покана на Претседателот на Република Македонија во работна посета на Република Македонија престојува висока воена делегација од Вооружените сили (ВС) на Арапска Република (АР) Египет, предводена од генерал мајор Магди Махмуд Ахмед Мохамед Али. Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски денес оствари средба со членовите на делегацијата од ВС…

Свечено затворање на 31-то Светско воено првенство во борење

По повод затворањето на 31-то светско воено првенство во борење кое се одржа во период од 19-25 септември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ се реализираше свеченост со сите учесници и претставници од нациите кои зедоа учество на ова првенство. На свеченото затворање присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковнк Методија…

Натпреварувања во борење трет ден

Жените на 31 Светско воено првенство во борење – Да се биде и борец но и дама Македонските репрезентативки Белинска и Пешова донесоа уште две медали за македонската боречка репрезентација. Стереотипите дека борењето е спорт во кој доминираат мажите се надминати со учеството на голем број жени на ова 31 во Воено Светско првенство во…

Началникот на Генералштабот на АРМ во дводневна официјална посета на Армијата на Република Словенија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски, од денес престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Словенија. Во текот на денешниот ден по приемот со воени почести во Генералштабот на Армијата на Р. Словенија, генералот Величковски оствари средба со НГШ на Армијата на Република Словенија, генерал-мајор Андреј Остерман. На…

Натпреварувања во борење втор ден

Најдобрите светски борачи на 31-то Светско воено првенство На вториот ден од 31-то Светско првенство во борење борбите станува се поинтересни. Квалитетот на ова светско првенство го потврдува и фактот дека на оваа првенство учествуваат повеќе натпреварувачи кои се носители на медали од Олимписки, светски и Европски првенства. Нивните достигнувања беа потврдени и на денешните…

Натпреварувања прв ден

За прв пат во независна и суверена Република Македонија се одржува Светско воено првенство во борење. Македонскиот боречки тим во периодот од 21-25 септември во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе има можност да ги одмери силите со боречки тимови од 32 нации од 4 континенти. Утрово во прелиминарните-квалификациони натпревари македонскиот боречки тим настапи со неколку…

Свечено отворање на 31-то Светско воено првенство во борење

Во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“ свечено се отвори 31-то Светско воено првенство во борење кое ќе се одржува во периодот од 21-25 септември. На отворањето на првенството присуствуваа: претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, Методија Величковски и командантот на националната гарда…