Посета на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција и одбележување на помен за загинатите припадници во Вејце

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денес во касарната „Илинден“ остварија посета на припадниците на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција при што проследија дел од активностите на припадниците на овие единици. Присутните ги проследија…

НГШ на ВС на Словачката Република во посета на единиците на АРМ на јужната граница на Република Македонија

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република предводена од генерал Милан Максим во текот на денешниот ден по средбата со Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов ја посети јужната граница на Република Македонија. Во реонот на караулата „Богородица“ од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија делегацијата…

Заедничка обука на припадниците на извидувачките единици од АРМ и Кралскиот Ирски Полк

Во периодот од 18-24 Април 2016 година, на армискиот полигон Криволак, се реализира заедничка обука на извидувачките единици од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и едно извидувачко одделение од првиот баталјон на Кралскиот Ирски Полк на Британската Армија. За време на обуката припадниците н двете армии ги презентираа своите вештини во извршувањето на основните и…

Saber Junction 2016

Во период од 7 до 20.04.2016 година припадниците од баталјонот за Специјална Намена од полкот за Специјални Операции учествуваа во Мултинационалната здружена вежба „Saber Junction 16“. Вежбата се реализираше во Здружениот Мултинационален Центар за спремност во Графенвер и Хохенфелс – Германија, но повремено беа користени и базата во Авијано – Италија и бази во делови…

Началникот на ГШ на ВС на Словачката Република во официјална посета на АРМ

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република, предводена од началникот на ГШ на ВС на Словачката Република генерал Милан Максим, која се наоѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија денес во Генералштабот (ГШ) на АРМ, по пречекот со високи воени почести оствари средба и официјални разговори со Началникот…

Делегација од воената полиција на Бугарската армија во посета на баталјонот на воена полиција

Во период од 25 до 27.04.2016 година во посета на баталјонот на Воената Полиција (бВП), престојуваше делегација од Воената полиција на Бугарската армија предводена од заменик директорот на Центарот за логистика и обука, потполковник Никола Јовков и главен инспектор во секторот за безбедност и контрола на сообраќајот потполковник Симеон Георгиев. Делегацијата беше пречекана од страна…

Реализација на Семинар за научени лекции од страна на НАТО мобилен тренинг тим (МТТ)

Во период од 19-21.04.2016 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше семинар за научени лекции од страна на Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции во Командата за обука и доктрини и НАТО мобилен тренинг тим (МТТ). На предавањата кои ги изведоа сертифицирани предавачи од НАТО командата во…

Посета на командантот на воздухопловниот ВИНГ на Националната Гарда на Вермонт на единиците на АРМ

Командантот на Воздухопловниот ВИНГ на Националната Гарда во Вермонт, САД – полковник Гини Патрик беше во тридневна посета на Здружената оперативна команда (ЗОК). Посетата баше реализирана во периодот од 20-22.04.2016 година во командата на ЗОК и потчинетите единици. Во негова придружба беа одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер со претставници од…

Студенти од Факултетот за безбедност во посета на полкот за специјални операции

Студенти од втора година од факултетот за безбедност од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, беа во работна посета на полкот за специјални операции. Во текот на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со мисијата, задачите, начинот на селекција и обуката која што се реализира во единицата, како и да слушнат за дел од искуствата од…