Посета на учениците од основни училишта во Стајковци и Ченто

Припадниците на Армијата на Република Македонија од касарната „Илинден“ во Скопје беа меѓу првите кои беа ангажирани во ублажување на последиците од летните катастрофални поплави кои го зафатија скопскиот регион. Искажаната несебичност и давање на максимумот од своите потенцијали при ангажирањето, единиците на АРМ продолжуваат да го покажуваат преку постојано внимание кон најмладите од овој…

Доделени новогодишни пакетчиња во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец

Повеќе од 450 деца со особен интерес го проследија симболичното пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, а потоа и да добијат од него новогодишни пакетчиња. Незаборавното доживување за најмладите секоја година го овозможуваат припадниците на воздухопловната бригада (вбр) од АРМ, со цел поделба на новогодишни…

Донација на новогодишни пакетчиња на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

По повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за доделување на новогодишни пакетчиња. Годинава во соработка со Општината Петровец беа обезбедени пакетчиња кои денеска беа поделени на ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид (ДУРДМОВ) „Димитар Влахов“ од страна на Командантот на воздухопловната бригада полковник Роберт…

Годишна конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ

Главните подофицери во командите и единиците на Армијата на Република Македонија на денешната годишна конференција во Домот на АРМ пред началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и командантите на командите и единиците на АРМ брифираа за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ. Генералот Величковски симболично првпат во АРМ изврши…

Работна средба на НГШ на АРМ со генералите на Армијата на Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и генералите во Армијата на Република Македонија остварија работна средба со поранешните началници на генералштабот и пензионираните генерали на АРМ. Цел на оваа работна средба која се одржува традиционално на крај од годината е информирање за реформските процеси во АРМ, понатамошните планови и активности за следната година,…

Воено-медицинскиот центар го прослави Денот на единицата

На ден 21.12.2016 година, во бригадата за логистичка поддршка (брЛП), воено-медицинскиот центар (ВМЦ) свечено го одбележа 21-ви декември денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: претставници од генералштабот на Армијата на Република Македонија (ГШ на АРМ), здружената оперативна команда (ЗОК), брЛП, команданти на бригади и баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и други гости. Командантот…

Припадниците на баталјонот за почести во посета на Воениот музеј

Припадниците на командата и штабот на баталјонот за почести(бП) реализираа посета на Воениот музеј. За време на посетата на Воениот музеј од страна на баталјонот за почести беа отстапени по еден комплет од сите типови на гардиски униформи кои до сега биле во употреба на АРМ. Воениот музеј како специјализирана национална институција во рамки на…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок – 13/Здружена Реакција – 17“

Во период од 12-ти до 16-ти декември 2016 година, во здружената оперативна команда во Куманово се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по НАТО Концептот за оперативни способности и НАТО Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003.…

Протоколарна средба на НГШ на АРМ со новоназначеното одбранбено аташе на Украина

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Украина акредитиран за Република Македонија, полковник Андриј Мирошниченко. Тема на денешните разговори во Генералштабот беше досегашната билатерална соработка во областа на одбраната меѓу двете армии како и продолжување на соработката од областа на одбраната посебно во доменот на…