Обука во зимски услови со питомците од Центарот за обука на питомци

Во периодот од 07.02. – 18.02.2015 година питомците од втора година од Центарот за обука на питомци реализираа практична настава – обука во зимски услови. Обуката се реализираше на скијачките терени „Колашин“ во Црна Гора а согласно билатералната соработка помеѓу војската на Црна Гора и Армијата на Република Македонија. За време на реализацијата на обуката…

Главните и први подофицери на Командите и единиците на АРМ реализираа состанок во Домот на АРМ во Скопје

Денес, 19–ти февруари 2015 година, во Домот на АРМ во Скопје се реализира состанок на главните и први подофицери на Командите и единиците на АРМ. На отворањето на состанокот НГШ на АРМ генерал – потполковник Горанчо Котески истакна дека денешната средба, која се реализира на почеток на годината е особено важна, бидејќи сега е моментот…

Во единиците на Здружената Оперативна Команда одбележан Денот на Меѓународен Совет за Воени спортови

На ден 18.02.2014 година (среда) во гарнизоните: Куманово, Петровец, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп и Скопје припадниците на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и потчинетите команди и единици го одбележаа Денот на Меѓународниот Совет за Воени спортови (МСВС). Оваа година по десетти пат припадниците на командите и единиците од составот на ЗОК активно се вклучуваат во оваа…

Одбележување на Денот на Меѓународните Воени спортови

Денес, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одбележа „18 февруари – Денот на Меѓународниот совет за воени спортови (МСВС)“. Спортскиот ден, кој по десетти пат се одвиваат во АРМ, го отвори командантот на Здружено оперативната команда на АРМ, генерал-мајор Методија Величковски. На свеченото отворањето, генералот Величковски пред спортските екипи нагласи дека денешниот…

Примарен курс за лидери

На 17 Февруари 2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Примарен Курс за лидери (ПКЛ). Курсот го посетуваат 30 (триесет) слушатели од редот на професионалните војници од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на ПКЛ е слушателите професионални војници да се обучат и оспособат за извршување на должностите во единиците како лидери на…

Обука во зимски услови со припадниците од 1.мпбр

Во период од 09.02-13.02.2015 година припадници oд 3.механизиран пешадиски бататалјон (3.мпб) и инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), на повеќе локации во реонот на Попова Шапка реализираа обука во зимски услови. Обуката се реализираше според однапред подготвен план, низ различни теми: движење по длабог снег, изработка на објекти за престој и…

Реализирани првите летови со новите пилоти

Во воздухопловната бригада (вбр) од составот на Здружената оперативна команда новопоставените пилоти со успех ги реализираа своите први летови со транспортните и борбените хеликоптери во составот на АРМ. Пилотите со чин поручник Стефан Ѓорѓиев, Ива Матиќ, Дејан Славевски и Трајче Јовковски распоредени во сквадронот за транспортни хеликоптери (стх) и сквадронот за борбени хеликоптери (сбх) пред…

Средба на тимот на АРМ во Командата за обука, советување и асистенција – Север во мисијата Одлучна поддршка со командантот на Командата

Во Командата за обука, советување и асистенција – Север (КОСА-С), старешините од тимот на Армијата на Република Македонија (АРМ) кој е распореден во оваа команда оствари средба со командантот на КОСА-С бригаден генерал Хералд Ганте. На средбата од страна на генералот Ганте е оддадено признание на тимот на АРМ за професионализмот и успехот со кој…