Средба на министерот за одбрана со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Денес, 27-ми февруари, министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север. Министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна…

Одбележување на „Денот на 1. механизиран пешадиски баталјон“

Денес 26.02.2015 година (четврток) во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа 26-ти Февруари, Денот на единицата. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 26-ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум…

Началникот на ГШ на АРМ положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето во Ротимље кај Мостар

Делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето во Ротимље кај Мостар, каде пред единаесет години трагично загина поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Генералот Котески присуствуваше на церемонијата за одбележувањето на единаесет годинишнината од загинувањето на поранешниот претседател на…

Одбележување на патрониот празник на касарната „Kузман Јосифовски-Питу“ во Тетово

Денес, 25 февруари 2015 година во кругот на касарната „Kузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, беше одбележан патрониот празник на касарната и 71 годишнината од загинувањето на Народниот херој Кузман Јосифовски-Питу. На одбележувањето на патронатот беа присутни бројни гости и претставници од јавниот и политичкиот живот, здруженија на граѓани, припадници на верските заедници, владини и невладини организации…

Официјална посета на НГШ на АРМ на Вооружените Сили на Босна и Херцеговина

Од вчера, делегација на АРМ предводена од НГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Денес, НГШ на АРМ во Сараево беше пречекан со високи воени почести од началникот на Здружениот штаб на Вооружените Сили на Босна и Херцеговина, генерал-потполковник Анте Јелеч. На средбата, двајцата генерали констатираа дека односите…

Пристигна нова генерација војници на доброволно служење на воениот рок

На 24 Февруари во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес во Центарот за индивидуална обука пристигнаа 169 граѓани за доброволно служење на воениот рок, од кои 12 припаднички од женскиот пол. Ова е дваесет и петта генерација војници кои идните три месеци доброволно ќе го служат воениот рок. Командата за обука и доктрини како…

Крводарителна акција во касарна „Илинден“ по повод 1 ви Март – Денот на полкот за Специјални Операции

Во рамки на одбележувањето на Денот на полкот за Специјални Операции, (23.02.2015 година), во касарната „Илинден“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв. Во оваа прилика, припадниците на полкот за специјални операции ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи37 крвни единици. Оваа акција е реализирана во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Ваквите крводарителни…

Обука на тема: „Архитектура и конфигурирање на Windows Server 2003 и основи на Microsoft Server 2008 R2“

Во период од 16.02.-20.02.2015 година во потчинетите единици на Здружената Оперативна Команда (во прва механизирана пешадиска бригада) се одржа обука на тема: „Архитектура и конфигурирање на Windows Server 2003 и основи на Microsoft Server 2008 R2“. На активноста учествуваа припадници од потчинетите единици кои во иднина ќе бидат одговорни за работата на компјутерските мрежи во…