Обука со НАТО мобилен тренинг тим на тема „Процес на донесување на воена одлука“

Во периодот од 2 до 4 јуни 2015 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп со припадници од 1. механизирана пешадиска бригада од составот на Здружено оперативната команда се реализира обука на тема „Процес на донесување на воена одлука“. Предавањата се реализираа од страна на мобилен тренинг тим од инструктори од Здружената команда на НАТО…

Годишен состанок на началници за логистика на земјите-членки на А5 потписници на Јадранска повелба

Во период од 2-ри до 5-ти јуни, во Домот на АРМ во Скопје се реализира годишен состанок на началниците за логистика на земјите членки на А5 потписнички на Јадранската повелба. На состанокот присуствуваа началниците за логистика од армиите на Република Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Хрватска, претставници од Армијата на САД –…

Учество на чАБХО на меѓународната вежба „Балкански одговор 2015“

Во период од 26 до 29 мај 2015 година припадниците од четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, Здружена оперативна команда учествуваа на мултинационалната цивилно-воена вежба „Балкански одговор 2015“ во Крушевац, Република Србија. Целта на оваа вежба беше да се покаже регионалниот капацитет во справување со инциденти на…

Примопредавање на должноста Командант на сквадрон за борбени хеликоптери

Денес (28 мај) во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот на борбени хеликоптери (сбх) од воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста покрај командантот на вбр присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вбр. За време на свеченото примопредавање на должноста свои…

Учество на заменикот на началникот на ГШ на АРМ на деветтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји

Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, денес учествува на деветтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која се одржува во Будва, Црна Гора. На конференцијата во Будва, покрај началникот на ГШ на Војската на Црна, адмирал Драган Самарџиќ како домаќин, ќе учествуваат и началниците на генералштабови од…

Спортски натпревари по повод 10-ти јуни, Ден на воздухопловната бригада

Во рамки на програмата за одбележување на 10-ти јуни – Денот на воздухопловната бригада (вбр), на ден 26.05.2015 година на спортскиот терен во касарната „НХ Страшо Пинџур“ се одржаа спортски натпревари. Припадниците од командата и потчинетите единици од вбр се натпреваруваа во дисциплините: кошарка, мал фудбал, пинг-понг и шах. На натпреварите во кои учествуваа единиците…

Баталјонот за врски ја одбележа 14 годишнината од трагичното загинување на капетан Зоран Бубевски

На ден 26.05.2015 година во касарната „Илинден“ во Скопје припадниците на баталјонот за врски (бв) ја одбележаа 14 годишнината од трагичното загинување на својот припадник, капетан Зоран Бубевски. Пред спомен собата во командата на бв посветена на трагично загинатиот, се положи свежо цвеќе и се изрази сочувство на семејството. На поменот покрај припадниците од бв,…

Вежбовни активности на тенковскиот баталјон

Припадниците од тенковскиот баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада – Здружена оперативна команда, реализираа подготвителни гаѓања со вооружување на Оклопно Механизираните Единици (вОМЕ) на тенк Т-72 на стрелиштето за гаѓање со вОМЕ на Армискиот пологон Криволак. Гаѓањето претставува континуитет на планираната обука и вежби со новопоставениот персонал во тенковскиот баталјон и притоа беа…