Пристигна нова генерација војници на доброволно служење на воениот рок

На 23 јуни 2015 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, пристигна нова генерација војници на доброволно служење на воениот рок од сите краеви на нашата држава. Ова е дваесет и шеста генерација војници кои идните три месеци доброволно ќе го служат воениот рок во рамките на Командата за обука и доктрини. Командата…

Билатерални разговори од областа на логистиката помеѓу претставници од АРМ и Вооружените Сили на Република Словенија

Денес и утре, во ГШ на АРМ се одржуваат билатерални разговори од областа на логистиката, помеѓу претставници на Ј-4 на ГШ на АРМ и Ј-4 на ГШ на Вооружените сили (ВС) на Република Словенија. Целта на разговорите е запознавање со структурата на логистиката во АРМ, мисија, состав, улога на органите по логистика во подготовки на…

Практична настава со питомците за време на стационарно логорување на АП „Криволак“

Согласно Годишниот План календар за обука на АРМ за 2015 година, на АП „Криволак“, отпочнато е со реализацијата на општа воена обука со питомците од I и II наставна група од Центарот за обука на питомци. Практичната настава со питомците има за цел оспособување и усовршување во тактичките работи и постапки на ниво поединец/тим и…

Во Здружената Оперативна Команда се реализира свеченост по повод упатување на припадниците од состав на силите за обезбедување во мисијата „Одлучна поддршка“

Денес (19 јуни) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на втората ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан. На средбата со мировниците присуствуваа Заменик на Началникот на ГШ на АРМ, Командантот на ЗОК, Началникот на…

Тромесечни брифинзи за обука за второ тромесечје во првопотчинетите единици на ЗОК

Во период од 15.06 до 18.06.2015 година во првопотчинетите единици од составот на Здружената Оперативна Команда се реализираа тромесечни брифинзи за обука (ТБО) за вториот квартал од 2015 година. На ТБО командантите на единиците беа брифирани за степенот на реализираните содржини и активности од доменот на обуката и со нивото на оспособеноста и обученоста во…

Присуство на командантот на здружената оперативна команда на свеченото отварање на мултинационалниот воен тренинг центар за обука на пилоти во Измир – Република Турција

Во период од 16-17 Јуни 2015 година, командантот на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски на покана од командантот на турските воени воздухопловни сили, генерал Акин Озтурк присуствуваше на свеченото отварање на на мултинационалниот воен тренинг центар за пилоти (МВТЦП) во Измир, Р.Турција. За време на дводневниот престој командантот на ЗОК покрај присуството…

Посета на чАБХО од страна на помошникот на одбранбеното аташе на Руската федерација

На ден 18.06.2015 година (четврток) се реализира посета на помошникот на одбранбеното аташе на Руската федерација, мајор Виталиј Суханов на четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена оперативна команда. Целта на посетата која се одвиваше во просториите на 1.мпбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, беше…

Тромесечен брифинг за обука и Полугодишно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на единиците на АРМ

Денес 17.06.2015 година во Центарот за индивидуална обука согласно годишниот План за обука на Команда за обука и доктрини (КОД), реализиран е тромесечен брифинг за обука (ТБО) и полугодишно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на единиците на АРМ. Командантите и началниците на потчинетите единици на КОД, пред командантот…

Заедничка обука на припадниците на АРМ од Гарнизон Прилеп со Територијалните Противпожарни единици од Прилеп и Битола

На ден 17.06.2015 година припадниците на АРМ од касарната „Мирче Ацев“ реализираа заедничка Методско показна вежба со припадниците на Противпожарните единици (ППЕ) од општините Прилеп и Битола на тема „Справување со пожар на тешко достапни места и објекти заштитени со Закон за заштита на културно наследство“. Активноста се реализира во близина на манастирот „ Арахангел…