Средба на НГШ на АРМ со заменик – началникот на секцијата за планирање, политика и партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол

Денес, 13-ти јули, началникот на ГШ на АРМ, генерал – потполковник Котески Горанчо оствари средба со заменик – началникот на секцијата за планирање, политика и партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол. На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, д-р Евелин Фаркаш, на Република Македонија,…

Доброволно дарување на крв во КОД

На 10 јули 2015 година во Командата за обука и доктрини (КОД) успешно е реализирана крводарителна акција при што се собрани 79 единици на крв. Со акцијата, како и со многуте други организирани во изминатиот период во АРМ, се продолжува соработката со Црвениот крст на Република Македонија. Припадниците на КОД од касарната „Алексо Демниевски –…

Посета на обуката во летни услови

Денес 10.07.2015 година во Караулата “Радожда„ во посета на обуката во летни услови на припадниците на полкот за Специјални Операции беше Асоцијацијата на одбрамбени аташеи во Република Македонија. Пред одбранбените аташеи на Р. Бугарија, Р. Хрватска, Грција, Италија, Русија, Србија, Соединетите Американски Држави и Канада припадниците на полкот демонстрираа совладување на водени препреки, боречки вештини…

Учество на Главниот подофицер на АРМ на 6-та Конференција на главни подофицери од армиите на САД- Јадранска повелба

Главниот подофицер на АРМ, главен наредник Драган Стојановски и наредникот Лидија Илковска од Ј-3/ГШ на АРМ, во период од 08 до 10 Јули 2015 година учествуваат на шестата Конференција на главни подофицери од армиите на САД – Јадранска повелба во Тирана, Република Албанија. Главна тема на конференцијата е „Родовата еднаквост, интеграција и перспективи во вооружените…

Реализација на Иницијална планирачка конференција за вежбата “Freedom Shock” во баталјонот на Воена Полиција

Во период од 09.07 до 10.07.2015 година во баталјонот на Воена полиција (бВП) се реализира иницијална планирачка конференција за билатералната вежба за инплементација на “Freedom Shock” концептот. На конференцијата припадниците од бВП и претставници на Армијата на Соединетите Американски Држави ги дефинираа темите, насоките и планот по кој ќе се реализира вежбата за примена на…

Тактичко технички збор со тенк Т-72 во рамки на состанокот на клучниот персонал во 1.мпбр

На ден 07.07.2015 година во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец и во касарната „Чојлија“ во рамки на состанокот на командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со клучниот персонал од командата и штабот на бригадата и командантите и командирите на потчинетите единици се реализира тактичко технички збор со тенк Т-72. Притоа од страна на припадниците…

Проштална средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Србија во Република Македонија

Денес, 7-ми јули 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковник Жељко Симиќ, Одбранбено аташе на Република Србија во Република Македонија. На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Симиќ за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на одличната билатерална…

Завршеток на стационарното логорување на питомците во АП „Криволак“

На армискиот полигон „Криволак“ заврши уште едно стационарно логорување на питомците од I и II наставна група од Центарот за обука на питомци. За време на логорувањето беше реализирана општа воена обука како и повеќе видови на гаѓања со лично вооружување согласно со Годишниот план календар за обука. Целите на обуката беа постигнати во целост:…

Свечена заклетва на војниците на 26-та генерација војници на доброволно служење на воениот рок

Денес 03.07.2015 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес, се одржи воена свеченост по повод давањето заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од генерацијата „Јуни“ 2015 година. Заклетва дадоа 123 војници меѓу кои 6 (шест) припаднички од понежниот пол. Ова е дваесет и шеста генерација војници кои доброволно го служат…