Министерот Јолевски го отвори меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“

Денес, 12-ти септември 2015 година (сабота), во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“. На отварањето на турнирот присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, високи претставници од…