Средба на НГШ на АРМ со амбасадорката на СР Германија

Денес, 4-ти февруари 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари протоколарна средба со амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, Н.Е. Кристине Алтхаузер. На средбата, генералот Котески искажа благодарност до СР Германија за поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија, како и за заложбата за прием на нашата држава во НАТО.…