Реализација на обука во зимски услови

Од средината на месец Јануари се до почетокот на месец Март на падините на Маврово припадниците на полкот за специјални операции ќе ја реализираат обуката во зимски услови. За време на обуката се реализираат теми од изработка на објекти за престој во зимски услови, тактички постапки со користење на скии, гаѓања со малокалибарска пушка, маскирање…

НГШ на АРМ во посета на гарнизон Кичево и обуката на пСО во зимски услови во Маврово

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, вчера и денес ги посети касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево и припадниците на полкот за специјални операции (пСО) кои изведуваат обука во зимски услови на терените во Маврово. За време на посетата на гарнизонот Кичево, началникот на ГШ на АРМ изврши увид во борбената готовност…

Соработка на воздухопловната бригада со военото воздухопловство на Р. Хрватска во делот на воздухопловно техничкото одржување

Во периодот од 12.01 – 23.01.2015 година во воздухопловната бригада (вбр) се реализираа состаноци со припадници на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на Р. Хрватска. Посетата на тимот од Р. Хрватска е дел од билатералната соработка на Армија на Република Македонија и Армијата на Р.Хрватска за размена на искуства и соработка во делот на воздухопловно…

Заврши обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес 22 Јануари 2015 година во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) заврши обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок. За дваесет и четвртата генерација војници кои доброволно го служат воениот рок обуката започна во ноември минатата година. Во текот на изминатите три месеци 225 војници меѓу кои 14 припаднички од понежниот пол ги…

Учество на НГШ на конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески вчера и денес учествува на конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел. Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ е запознавање на началниците на ГШ…

Започна Борбено штабен курс за подофицери

На 21 Јануари 2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Борбено штабен курс за подофицери. Курсот го посетуваат 18 подофицери припадници од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на Борбено штабниот курс за подофицери е преку реализацијата на планираната обука слушателите подофицери да се обучат и оспособат за работа во штаб на ниво…

Армијата на Република Македонија ја заврши мисијата ИСАФ во Исламската Република Авганистан

Во Домот на АРМ во Скопје денеска свечено беше одбележано завршувањето на 12 – годишната мировна мисија ИСАФ која се реализираше во Исламската Република Авганистан. По тој повод министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски истакна дека почнувајќи од 2002 година во рамките на турскиот контингент, во коалиција од 50 – тина земји НАТО…

Обука на тема „Постапки во воено заробеништво“

Во период од 13.01 до 15.01.2015 година со припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада беше реализирана обука на тема „Постапки во воено заробеништво“. Обуката беше реализирана во теоретски и практичен дел според дадените теми: „Заробеништво и права на воени заробеници“, „Методи на испитување на воени заробеници“, „Пасивен отпор на…