Заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес во касарната „Алексо Демниевски-Бауман”, Велес се реализира воена свеченост по повод давањето заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од генерацијата „Октомври“ 2014 година. На свеченоста присуствуваа Министерот за одбрана на РМ г-дин Зоран Јолевски, Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, бригадниот генерал Стојан Димчов, бригадниот генерал Павле Арсоски, претставници…

Официјална посета на председавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс на АРМ и Република Македонија

Денес, во Генералштабот (ГШ) на АРМ со високи воени почести беше пречекан председавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, на кого домаќин му е началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески. Генералот Бартелс во изјавата за медиумите им се заблагодари на припадниците на АРМ, истакнувајќи го нивниот професионализам кој го покажуваат…

Посети на воздухопловната бригада од страна на делегација од Армијата на Република Грција и НАТО канцеларијата за врски во Скопје

Денес, 6 ноември 2014 година во воздухопловната бригада (вбр) се реализира билатерална средба со претставници од армијата на Република Грција во врска со Air Situation Data Exchange (ASDE) програмата. Целта на посетата беше да се утврди во која фаза е договорот за реализација на програмата, како и теми поврзани со воздушно набљудување и иницијативи на…

Обука со питомците од Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“

Денес 06.11.2014 година припадниците на полкот за специјални операции имаа обука со дел од питомците на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Шеснаесетте питомци за време на обуката имаа можност да се запознаат со намената и карактеристиките на Оклопниот Транспортер БТР 80. Оваа обука беше одлична можност за слушателите да ги спојат теоретските познавања од предметот…

Кондиционo рекреативен марш на припадниците од ЗОК

Денес, 5 ноември 2014 година, старешините и цивилните лица од составот на ЗОК реализираа кондиционо рекреативен марш. Маршот, се реализираше во реонот на с. Младо Нагоричане и истиот беше со должина од 15 (петнаесет) километри. Оваа активност се изведува неколкупати годишно, а целта е одржување на кондицијата на припадниците на ЗОК на потребно рамниште. За…

Започна курсот за прв подофицер во чета

На 04 Ноември 2014 година во Центарот за индивидуална обука од Команда за обука и доктрини, започна Курс за прв подофицер во чета. Слушатели на курсот се подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на овој курс е да се идентификуваат должностите и одговорностите на првиот подофицер околу реализацијата и надгледувањето на индивидуалната…

Средба на медицинскиот тим на АРМ кој ќе учествува во мисијата АЛТЕА со Министерот за одбрана на Република Македонија и НГШ на АРМ

Денес, 31-ви октомври, Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески остварија средба со медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во седумнаесеттата ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Министерот Јолевски изрази задоволство од досегашната работа на медицинскиот тим на АРМ во мисијата…

Свечено испраќање на седумнаесеттата ротација на медицинскиот тим во мировната мисија АЛТЕА

Денес, 31-ви октомври, во Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), се одржa свеченост по повод упатувањето на 17-тата ротација на медицинскиот тим во мировната мисија АЛТЕА, Босна и Херцеговина. Оновна цел на мисијата е медицинска поддршка од примарно ниво-РОЛЕ 1 за потребите на силите на ЕУФОР во кампот „Бутмир“. Командантот на брЛП, полковник Владимир…

Посета на тим на европската команда на Вооружените Сили на САД на дел од првопотчинетите единици од Здружената Оперативна Команда

Во периодот од 28 до 31. октомври 2014 година тим од европската команда на вооружените сили на САД (USEUCOM) реализираше посета на дел од првопотчинетите единици од Здружената оперативна команда (ЗОК). На 28-ми октомври тимот престојуваше во инженерискиот баталјон (инжб) и четата за АБХО од составот на 1. механизирана пешадиска бригада при што им се…