Напредна обука за снајперисти

Во периодот од 08.07.2014 до 10.07.2014 година припадници на полкот за Специјални Операции во соработка со инструктори од Вооружените сили на САД на терените на АП „Криволак“ реализираа напредна обука за снајперисти. Оваа обука е дел од билатералната соработка помеѓу вооружените сили на САД и Армијата на Република Македонија. Инструкторскиот тим од САД беше составен…

Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“

На ден 10.07.2014 година Командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“ која се одржува на воениот полигон „Југ“, Бујановац во Република Србија. На вежбата АРМ учествуваше со 32 припадници од Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции, покрај…

Посета на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов на Центарот за обука на вода во Охрид

Денес, 10-ти јули 2014 година, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов го посети Центарот за обука на вода во Охрид. Во придружба на Претседателот на Република Македонија беа Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и Командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љупчо Костовски. Целта…

Заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” – Велес се реализира воена свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од генерацијата „Јуни“ 2014 година. Заклетва дадоа 145 војници меѓу кои 11 припаднички од понежниот пол. Ова е дваесет и трета генерација војници кои доброволно го служат воениот рок. На…

Започнаа спортските натпревари во 1.мпбр за учество на понатамошните натпревари по повод Денот на АРМ

Во рамките на организацијата на спортски натпревари за избор на спортски екипи и поединци, по повод Денот на АРМ, на ден 04.07.2014 година во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово беа организирани натпревари во мал фудбал, одбојка, кошарка, шах и пинг-понг. Спортските игри ги отвори Командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Павле Арсоски,…

Свечено испраќање на седумнаесетата ротација на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан

Денес, 3-ти јули (четврток) 2014 година, во касарната ,,Боро Менков“ во Куманово, се одржа свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр) кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста по повод испраќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ ќе присуствуваа: Министерот за одбрана…

Припадниците на полкот за специјални операции на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“

Во периодот од 30.06.2014 до 10.07.2014 година припадници од Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции учествуваат во мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“ која се реализира во Република Србија. На вежбата покрај припадниците на АРМ учествуваат и припадници од вооружените сили на Србија, Бугарија, Романија, Азербејџан, Хрватска и Соединетите Американски Држави. Цел на…

Заврши Напредниот курс за подофицери

На 26 Јуни во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) 26 слушатели подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија го завршија Напредниот курс за подофицери. Напредниот курс за подофицери произведува квалификувани командири на 1-ви одделенија и командири на 3-ти водови, подофицери оспособени да ги преземат сите одговорности поврзани со оваа должност. Со завршувањето на овој…

Реализирани гаѓања на АП Криволак

Во периодот од 23-27.06.2014 година на Армискиот Полигон „Криволак“ припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции реализираат гаѓања со вооружувањето кое се наоѓа во единицата. Гаѓањата се уште една можност за тренинг и работа со опремата која се должи во единицата, со цел успешно реализирање на огнени задачи, но воедно и…