Клучниот персонал од Здружената Оперативна Команда во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Денес, 30.09.2014 година, согласно Годишниот План за работа на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), клучниот персонал од командата и првопотчинетите единици реализираа посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Согласно програмата во текот на посетата се реализираа следните активности: состанок со раководството на универзитетот, запознавање на универзитетот и неговата структура и улога во образовниот систем…