Асоцијација на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија во посета на воздухопловната бригада

На ден 07.05.2014 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) престојуваа членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија. Во состав на делегацијата беа поголемиот број од резидентни и нерезидентни воени аташеа акредитирани во Република Македонија. По остварената средба со Заменикот на командантот потполковник Роберт Малезански во салата за состаноци беше одржана презентација…

Соработка на 1.мпбр и вбр со цивилните структури

На 5-ти мај во координација со советот на општината претставници од командата и штабот на 1.мпбр и вбр, предводени од командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Павле Арсоски и командантот на вбр полковник Кире Колевски присуствуваа на одбележувањето на денот на општината со културно уметничка програма во новоизградената спортска сала во дворот на ОУ „Кочо Рацин“…

Летна алпинистика и планинарење

Како и секоја година така и оваа припадниците на баталјонот за специјални намени од составот на полкот за специјални операции на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија реализираа теми од летна алпинистика и планинарење. Припадниците на единицата за време на обуката вршеа извежбувања во совладување и спуштање по карпа, изведување на алпинистичките операции и…

Примарен курс за лидери

Во Центарот за индивидуална обука (ЦИО)  на 06 мај 2014 година  започна Примарен Курс за лидери (ПКЛ) со вкупно 50 слушатели професионални војници од сите единици на Армијата на Република Македонија. Курсот е составен  дел од Концептот за развој на професионалните војници во АРМ.  Целта на овој курс е слушателите да се обучат и оспособат…

Посета на слушатели од втор циклус на студии од Воената Академија на ЗОК и 1.мпбр

Денес, 6-ти мај 2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализираше настава по предметот „Организација на штабот и штабните функции при донесување на воени одлуки“ со слушателите на вториот циклус на студии-специјализација на командни и штабни должности (СКШД). За време на посетата во ЗОК по воведот од страна на командантот на ЗОК генерал-мајор Методија…