Работилница за изработка на концептот на операции за вежбата: „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-10“

Во Центарот за обука „Пепелиште“ во период од 27 до 31 јануари 2014 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations – CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок 10“. Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковникот Ѓоко Максимов кој со воведен брифинг…

Презентација на информатички систем за командување и контрола

На ден 28 Јануари (Вторник) во просториите на Здружено Оперативната Команда од страна на претставници на фирмата од Република Турција „Хавелсан“ специјализирана за информатичка опрема беше извршена презентација на информатички систем за командување и контрола таканаречен „Defence out of a box“. На претставниците на фирмата „Хавелсан“ најпрвин им беше посакано добредојде од страна на началникот…

Свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ во гарнизонот Кичево

Денес, 24-ти Јануари во касарната Чеде Филиповски – Даме, во Кичево, се одржа свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр) кој учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста по повод враќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери,…

Заврши обуката на војници на доброволно служење на воениот рок

Уште една генерација војници на доброволно служење на воениот рок ја заврши основната воена обука во Центарот за индивидуална обука во КОД. Дваесет и првата генерација доброволни војници обуката ја започна во Ноември минатата година, а заврши на 22 Јануари оваа година. По тој повод се реализира свечен завршеток на кој од свечената бина им…

Годишна анализа за борбената готовност од страна на командантите на потчинетите команди и единици до НГШ на АРМ

Денес, во Домот на АРМ во Скопје се одржа реферирање за борбената готовност од страна на командантите на потчинетите команди и единици му реферираа на Началникот на ГШ на АРМ за достигнувањата, реализацијата на плановите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз нивната борбена готовност. На реферирањето за борбената…

Традиционална годишна средба со цивилните структури во Гарнизон Кичево

На ден 14.01.2014 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се одржа годишна анализа на цивилно-воената соработка на 4. механизиран пешадиски баталјон која традиционално се одржува на денешен ден. На денешната активност покрај Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Павле Арсоски присуствуваа бројни високи гости меѓу кои Претседателот на советот на Општина Кичево…

Одбележување на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Денес, 12-ти јануари, на спомен обележјето кај катлановско Блаце беше одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ. По повод одбележувањето на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа, венци со свежо цвеќе положија делегации од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник…

Одбележување на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа пред командата на Воздухопловната бригада

Денес 10 јануари пред командата на Воздухопловната бригада на АРМ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одбележа шест годишнината од хеликоптерската несреќа во кога трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада. По тој повод на спомен обележјето, венци со свежо цвеќе положија делегации од Министерството за одбрана предводена од заменик министерот за одбрана Емил…

Свеченост за испраќање на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ во гарнизонот Тетово

Денес, 8-ми јануари 2014 година, во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, се одржа свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр) кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста по повод испраќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ присуствуваа: Министерот за одбрана…