Инспекторски тим од одделението за контрола и верификација на вооружувањето

На 31 Октомври 2013 година во Командата за обука и доктрини се реализира посета од страна на инспекторски тим согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекторскиот тим составен од тројца инспектори од ВС на Швајцарија и еден претставник од ВС на Обединетото Кралство го предводеше полковник Томислав Ризески од одделението за контрола и верификација на…

Посета на НГШ на АРМ на ВС на Република Литванија: Потврда на придонесот на Република Македонија кон Европската одбрана и безбедност

Началникот на Генералштабот (ГШ) на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес продолжува со официјалната посета на Вооружените сили (ВС) на Република Литванија. Вчера на средбите со литванскиот Министер за одбрана Јоузас Олекас и началникот на ГШ на ВС на Република Литванија, генерал-потполковник Арвидас Поциус, беше нагласено дека Литванија дава целосна поддршка на полноправното членство на Република…

Посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Република Литванија

Началникот на Генералштабот (ГШ) на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, од денес претстојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Литванија, каде домаќин ќе му биде началникот на ГШ на ВС на Република Литванија, генерал-потполковник Арвидас Поциус. Ова е прва официјална посета на Началник на ГШ на АРМ на ВС на Република Литванија.…

Средба на Министерот за одбрана и Заменикот на НГШ на АРМ со петнасеттата ротација на мисијата АЛТЕА

Денес, 30-ти октомври, Министерот за одбрана Талат Џафери и Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија средба со медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во петнаесеттата ротација на мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. На средбата присуствуваше и Директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски,…

Учество на пСО на вежба Б-9 во Република Србија

Припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ (еден тим од баталјонот за специјални намени) од 20-ти до 26-ти октомври учествуваа на меѓународната заедничка вежба „Б-9“ на која учествуваа специјалните сили на армиите од земјите од Балканот, а која се одржа во Република Србија. На вежбата покрај припадници на пСО како претставници на од…

Билатерарна соработка помеѓу военото воздухопловство на Р. Франција и воздухопловната бригада на АРМ

На ден 29.10.2013 година (Вторник) како дел од билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Р.Франција во воздухопловната бригада престојуваа пилоти од француското воено воздухопловство како и Амбасадорот на Р. Франција во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер во придружба на военото аташе на Р. Франција во Р. Македонија пполк Стефан Лешлетер. Посетата на…

Прием на војници

На 28 Октомври во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) примена е дваесет и првата генерација на војници на доброволно служење на воениот рок. Пристигнаа вкупно 257 војници на доброволно служење на воениот рок од различни краеви на нашата држава. Меѓу нив и 17 припаднички од понежниот пол. Командата…

Средба на НГШ на АРМ со новото одбранбено аташе на Народна Република Кина

Денес, 25-ти октомври 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со новото одбранбено аташе на Народна Република Кина акредитиран во Република Македонија, постар полковник Занг Баокун. На средбата со новиот воен аташе на Народна Република Кина присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Народна Република Кина во Република Македонија, постар полковник…

Средба на началникот на Генералштабот на АРМ и директорот на Генералштабот на АРМ со началникот на штабот на КФОР

Денес, 24-ти октомври (четврток) началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески се сретна со началникот на штабот на КФОР, бригаден генерал Давид Ајкок. На средбата беше искажано задоволство од соработката на АРМ со силите на КФОР, особено во делот на поддршката на оваа мисија на НАТО за која во АРМ во изминативе години функционира…