НГШ на АРМ во посета на гарнизон Кичево и обуката на пСО во зимски услови во Маврово
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, вчера и денес ги посети касарната „Чеде Филиповски - Даме“ во Кичево и припадниците на полкот за специјални операции (пСО) кои изведуваат обука во зимски услови на терените во Маврово.
Фото вест: Средба на НГШ на АРМ со делегацијата од МО на Република Србија - управа за меѓународна соработка

 

 

 

 



26.01.2015

Учество на НГШ на конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески вчера и денес учествува на конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел. Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ е запознавање на началниците на ГШ на армиите од земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан со политичката состојба и главните приоритети на новата мисија на НАТО во Авганистан.
Армијата на Република Македонија ја заврши мисијата ИСАФ во Исламската Република Авганистан
Во Домот на АРМ во Скопје денеска свечено беше одбележано завршувањето на 12 - годишната мировна мисија ИСАФ која се реализираше во Исламската Република Авганистан. По тој повод министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски истакна дека почнувајќи од 2002 година во рамките на турскиот контингент, во коалиција од 50 – тина земји НАТО сојузници и партнери, АРМ со околу 3 илјади македонски мировници во мисијата ИСАФ...
Проштална средба на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Пол Волерс со НГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески
Денес, 13-ти јануари, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Горанчо Котески во проштална средба го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Пол Волерс. На средбата, генералот Котески изрази благодарност за досегашниот придонес и ангажман на амбасадорот Волерс, во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД.